Комисијата даде зелено светло за одземање на мандатот на Груевски

Со 5 гласа ЗА, од вкупно 9 членови на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, пратениците гласаа за предлогот на Собранието да му се достави барањето за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

На седницата не присуствуваа пратениците на ВМРО ДПМНЕ,  а членовите од новата пратеничка група , која ја предводи Елизабета Канческа Милевска, иако дојдоа на половина седница, рекоа дека нема да поддржат одземање на мандат на пратеник.

Сега, комисијата овој предлог ќе го достави до Собранието, кое на пленарна седница треба да одлучи за одземањето на мандатот на Никола Груесвки.

За ова е потребно двотретинско мнозинство.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password