Ќе има ли скијање на Попова Шапка?

АД ЕЛЕМ ќе чека одговор од македонската Влада што да се прави со зимскиот туристички центар Попова Шапка, откако јавноста реагираше дури и со протести против нефункционалната инфраструктура и честите прекини на струја кои го отежнуваат скијањето и рекреирањето на шарпланинскиот бисер.

Од АД ЕЛЕМ, чија фирма-ќерка Елем Турс стопанисува со Попова Шапка, велат дека анализата многу брзо ќе биде испратена во Владата од каде ќе чекаат мислење што да прават со менаџирањето на центарот и загубите.

„Се прави анализа за состојбата на Елемтурс и информација за тоа, која ЕЛЕМ треба да ја испрати до владата и да добие насоки за понатамошно делување во однос на фирмата-ќерка Елем турс, која работи со потешкотии и загуби од самото нејзино основање во 2012г.“ гласи одговорот на АД ЕЛЕМ, упатен до ТВ21.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password