Исклучената Александрова: Ги повикувам колегите од ВМРО-ДПМНЕ да ни се придружат

а, меѓудругото, за „Лидер“ вели дека не и се лути на матичната партија што е исклучена и според изјавите што ги дава може да се заклучи дека осумтемина исклучени најверојатно формираат посебна пратеничка група.

– Најпрвин сакам да потенцирам дека синоќа во Собранието на Република Македонија се донесе одлука за отпочнување на постапка за амандманска расправа за измени на Уставот. А за тоа како ќе биде крајното двотретинско гласање, сепак ќе зависи од власта, односно колку е таа спремна за прифаќање на условите кои се наведени во синоќешното соопштение до јавноста.

Одлуката беше тешка навистина, свесни за сериозноста на ситуацијата како во државата така и во политиката и какви се бранувањата таа ќе направи посебно во мојата партија. Но јас и моите колеги цврсто веруваме дека тоа што дадовме шанса е правиот пат по кој треба да се движиме, нормално уште еднаш да напоменам со прифаќање на нашите услови. – ни одговори Александрова.

Пратеничката од Берово вели дека и е тешко што е исклучена од ВМРО-ДПМНЕ, но дека нема ништо против одлуката на матичната партија..

-Што се однесува на одлуката на партијата да не исклучи, лично ја доживеав многу тешко. Да се биде ВМРО-ДПМНЕ е вистинска чест и мене никогаш тоа чувство на припадност неможат да ми го одземат. Искрено жалам за нивната одлука кон нас, но не им се лутам. Верувам дека разумот на крај ќе преовладува кај сите, затоа што на крајот сите имаме заедничка цел.  – изјави за Лидер, пратеничката која вечерва беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на тврдењата за притисоци кон пратениците и уцените за гласање како и поткупување, Александрова вели дека се работи за шпекулации.

-Се оградувам од секакви шпекулации, најмногу тоа ни треба во моментов. Сега не чека макотрпна работа во Собранието и ги повикувам сите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да ни се придружат, зошто верувам дека ќе донесеме суштински амандмани што е и наша цел. – вели Александрова.

Во изјавата Александрова потенцираше дека за власта да добие двотретинско мнозинство, ќе мора да ги исполни условите кои одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ги поставуваат.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password