Груевски ја примил пресудата за „Тенк“, но не и упатниот акт за затвор

Поранешниот премиер и лидер на
ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска потврди дека ја примил пресудата
за случајот „Тенк“, но не и упатниот акт.
На новинарско прашање дали ќе поднесе жалба, Груевски рече дека ќе ги
искористи сите правни механизми кои му стојат на располагање.
Во однос на исклучувањата од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски рече не ги знае
сите аргументи за исклучувањата и затоа не може да даде коментар.
Посочи дека знае дека сака силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ.
Прашан зошто не присуствувал и дали бил поканет на прославата
организирана од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски кратко одговори дека покана
добил, но имал други обврски

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password