Џафери и Црвенковски не гласаа на референдумот
Претседателот на Собранието Талат Џафери го нема во избирачкиот список и денеска не можел да гласа на денешниот референдум.
При пребарување на апликацијата за избирачки список на sec.mk (ДИК), неговото име го нема на списокот.
И екс претседателот Бранко Црвенковски не гласал оти и него го немало на избирачкиот список. Црвенковски се обидел да гласа со пасош, објави Цивил, но бидејќи го немало неговото име не му било овозможено да гласа на ИМ во Капиштец.
Народниот правобранител во неколку изборни циклуси нотира дека при правењето на избирачкиот список се користи спорна методологија, односно од него автоматски се бришат сите оние на кои им истекува важноста на личната карта помеѓу затворање на избирачкиот список и денот на спроведувањето на изборниот процес. Досега не е преземено ништо во врска со тоа прашање.