Црвенковски: Недобивањето датум за почеток на преговорите во јуни ќе предизвика големо разочарување

Република Македонија својот кандидатски статус го стекна во далечната 2005 година, значи точно пред 14 години. Оваа година ја добивме десеттата по ред препорака од страна на ЕК за почеток на преговорите, рече денеска поранешниот претседател и премиер на Република Македонија Бранко Црвенковски на регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“, што се одржа во Скопје.

Црвенковски се осврна на тоа оти девет пати претходно препораката не беше прифатена и, како што рече, стравуваме оти тоа може да се повтори и по десетти пат на јунскиот Самит.

-Недобивањето датум за почеток на преговорите во јуни ќе предизвика големо разочарување, но и сериозно нарушување на кредибилитетот на ЕУ и на македонската Влада во очите на македонскиот народ и на сите граѓани на нашата земја, потенцира Црвенковски.

Црвекновски истакна и дека отстапката со уставното име била болна и драматична сè со единствена цел, да се одблокира пристапот кон Унијата.

Минатата година,  се потпиша Преспанскиот договор, со што се елиминираше најголемата пречка во процесот на нашето евроатланстко интегрирање. Промената на нашето уставно име и тоа за севкупна употреба беше болна и драматична за голем број наши граѓани што се потрврди и на референдумското изјаснување, нагласи Црвекнковски.

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password