Црна боја пред општина Аеродром
Пред Општина Аеродром синоќа била истурена црна боја, а од Општината немаат сознанија кој би можел да биде сторителот.
Прв бојата ја забележал чуварот утринава во 6.30 часот. Градоначалникот, Златко Марин, вели дека не се сомнева во никого и дека случајот е пријавен во полиција.
Полициски службеници утринава извршиле увид во Општината. Од кабинетот на Марин велат дека предадени им се снимките од видео надзорот, на кои најверојатно се снимени сторителите.
Викендов беше офарбано и Министерството за култура во боите на македонското знаме, а на фејсбук страната „Млади за Македонија“ најавија црвено-жолт отпор.