Четиричлено бугарско семејство загина на Солунска глава при пад на приватен авион
Мал авион од типот ,,Цесна“, попладнето околу 16 часот се урна на Солунска глава по полетувањето од охридскиот аеродром на пат кон Софија.
Во авионот било четиричлено семејство од Бугарија. Сите се загинати, потврди Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Според последните информации, пилотот на авионот упатил повик за помош поради силни турбуленции.
Контролата на летање изгубила контакт со пилотот околу 16 часот и 18 минути.
Тој побарал да слета во Скопје поради лошите временски услови.
Се урнал на Солунска глава. Нема преживеани.