Шест лица завршија во болница- четири сообраќајки во Штип
Четири сообраќајни несреќи се случиле синоќа во штипскиот регион. Во две од нив шест лица се здобиле со телесни повреди и се пренесени во штипската Клиничка болница.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова истакна дека во првата сообраќајна несреќа кај штипската населба Три чешми учествувале три возила и се повредени пет лица, а неколку часа подоцна се случила сообраќајка и на патот Штип-Велес во која учествувале две возила, а со телесни повреди се здобило едено лице, кое исто така е хоспитализирано во болницата.
Сообраќајна несреќа имало и на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Пилав Тепе“ во која учествувале две возила. Карактеристична е несреќата кај крстосрницата на улицата „Сремски Фронт“ во Штип, каде шест возила движејќи се во ист правец се судриле, односно се случил вистински карамбол.