Мицковски очекува пратениците на ВМРО ДПМНЕ да не ги поддржат уставните измени

Отприлика милион и 200 илјади граѓани со право на глас кои што одлучија, му кажаа на Зоран Заев и владата на СДСМ дека референдумот е неуспешен и оваа мнозинство и оваа волја на граѓани треба да ја почитува владата, парламентот  и на сите пратеници, не станува тука збор за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тука е апсолутна јасна и чиста ситуацијата и нема дилеми. Tука станува збор за сите оние претставници во законодавниот дом без разлика на политичката припадност, волјата на граѓаните во една демократија е неприкосновена и тука нема и не смее да има простор за било какви импровизации, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување на ТВ Алфа во емисијата Отворено.

Според Мицкоски, никој не може да оди против волјата на граѓаните и против народот, па дури ни Зоран Заев и неговите партиски пајташи.

Додаде дека народот им дал црвен картон, а тој црвен картон ќе го потврдат и на следните парламентарни избори и ќе ги испрати во трајна политичка пензија, како што рече, заборавени длабоко во времето на транзицијата на Република Македонија.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password