Апокалиптични моменти од цунамите во Индонезија ( Видео)
Индонезиските власти објавиле дека после големиот земјотрес и цунами на брегот во градот Палу на островот Сулавези пронајдени се бројни човечки тела и дека бројот на жртви се зголемил на 48.
Наведено е дека утрово продолжиле потресите, после ударот на брановите повисоки од 3 метри, кои биле покренати од вчерашниот земјотрес од 7,5 степени според Рихтерова скала.
Ројтерс наведува дека на аматерските снимки, за кои агенцијата нагласува дека не е проверено дали се автентични, се гледа како бранови рушат куќи низ Палу, растураат бродски контејнери и ја поплавуваат локалната џамија.
Во Донгал, во Палу живеат повеќе од 600.000 луѓе, тоа подрачје било погодено од послаб земјотрес во кој настрадало едно лице, а повредени се најмалку 10 лица.