Македонската црква не сака промена на името на државата
Македонската православна црква – Охридска архиепископија на редовното годишно заседание на Архиепископскиот црковно-народен собор ја потврди својата позиција за непроменување на името на МПЦ и државата.
„Македонската православна црква е историска и правна наследничка на Охридската архиепископија на Јустинијана Прима, има достоинство на архиепископија и се вика Македонска православна црква – Охридска архиепископија, а во комуникацијата е Македонска православна црква“, изјави митрополитот Тимотеј.
Тој додаде дека членовите на соборот сложно праќаат апел за национално единство.
„Испраќаме искрени молитви повик до сите политички субјекти во земјата за одговорно однесување во овој исклучително сложен и полн со предизвици период за нашата татковина со препорака да користат сите свои сили за зачувување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и се што е македонско“ , прецизира владиката.