ВО ФЕВРУАРИ НА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИМ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ 3,8 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПОВРАТ НА ДДВ

На граѓаните за второто тримесечие од почетокот на мерката поврат на ДДВ ќе им биде исплатен поврат во износ од 233.176.601 денари (3.791.000 евра), информира Управата за јавни приходи (УЈП).

Според податоците на УЈП, скенирани се 28.948.878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денари со вкупен ДДВ од 1.554.510.671 денари.

Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.

Притоа, од УЈП информираат дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780 денари.

За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираат дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password