Земјотрес го погоди Сулавеси, нема опасност од цунами
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата
скала го погоди денеска индонезискиот остров Сулавеси, но не се очекува тој да предизвика
цунами бранови.
Земјотресот се смета за средно силен и плиток – на длабочина од 18 километри.
Индонезија честопати ја погодуваат земјотреси, а најкатастрофалниот удар дојде во 2004
година, кога силен земјотрес предизвика цунами бранови при кои загинаа над 226.000 луѓе во
повеќе држави што излегуваат на Индиски Океан, од кои половината во Индонезија.