Заев: Сега е време да се покаже кој е за НАТО и ЕУ

– Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат
измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред, порача денеска
премиерот Зоран Заев на седницата на собраниската Комисија за уставни измени на која на
дневен ред е Предлогот за пристапување на измени на Уставот во согласност со Договорот од
Преспа.
Заев, образложувајќи го предлогот на Владата, истакна дека од досегашниот увид и реакциите
на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени, што по одлуката на Владата
веднаш беше објавен, повикувајќи ги пратениците да се обединат околу стратешките цели на
земјата. За стручната и експертска јавност, рече тој, измените се согласно меѓународните
стандарди.
– Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки за
уставнби измени, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат
иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по свое убедување и
согласно волјата на граѓаните без да подлегнуваат на никаков притисок, рече Заев.
Со решението на спорот со Грција, посочи, изградено е пријателство меѓу двете земји, а
надминат е и дведецениски спор со што земјата се извлекува од изолацијата и се отвораат
евроатлантските перспективи.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password