Заев: Одлуките на Собранието ќе го забрзаат влезот во НАТО и во ЕУ
Одлуките на пратениците во
Собранието за уставни измени ќе го забрзаат зачленувањето на
Македонија во НАТО и во ЕУ, вели македонскиот премиер Зоран Заев во
интервју за „Аваз“.
Заев нагласува дека постапката за промена на Уставот сѐ уште не е
завршена, но оти се поминати некои важни фази од тој процес. Уверен е
дека процесот за измени на Уставот, кои произлегуваат од Договорот од
Преспа, ќе биде заокружен со што на Македонија ѝ се отвора патот кон
НАТО и ЕУ.
– Со тоа му испраќаме јасна порака на светот дека по децении судири во
регионот на Западен Балкан тргнуваме по патот на стабилноста и
напредокот. Пратениците во Собранието минатата недела ја создаваа
историјата на која ќе им честитаат идните генерации, вели Заев