Заев: Дополнителни 11 илјади домаќинства ќе добиваат социјална помош (видео)

Инвестирање во поголема гарантирана социјална помош за
најранливите категории граѓани, во ран детски развој, полесен пристап до детски додаток,
образовен додаток за деца, и зголемување на опфатот на деца во претшколско образование,
се некои од мерките на чија реализација работи Владата за излез од кругот на сиромаштија, на
кои денеска на Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата потсети премиерот
Зоран Заев.
– Мора да го прекинеме кругот на сиромаштијата, кој се пренесува од генерација во генерација
меѓу најранливите семејства. Поради тоа, дополнителни 11 илјади домаќинства ќе добиваат
гарантирана социјална помош, покрај постојните 26 илјади домаќинства, кои веќе имаат право
на овој надоместок. Семејствата со деца и со ниски приходи ќе добиваат полесен пристап до
Детскиот додаток. Очекуваме бројот на деца кои ќе го користат ова право да биде над 70
илјади, за разлика од само 3.200 деца кои сега имаат право на Детски додаток, вели Заев во
видео-обраќањето.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password