Внимавајте, 70 проценти од играчките за деца се опасни

Околу 70 отсто од играчките на пазарот во Македонија се
небезбедни, се продаваат на отворено, на пазарите, немаат соодветна декларација, ниту
информација за нивниот хемиски, физички, безбедносен состав.
Ова е проценката на граѓанската организација „Новинари за човекови права“, која спроведе
истражување за состојбата со играчките на пазарот во Македонија, со цел да се подигне свеста
за нивната безбедност и да се направи споредба со резултатите од истражувањето спроведено
во 2013 година.
На презентацијата на наодите од истражувањето Наташа Доковска од „Новинари за човекови
права“ која е и проектен координатор, рече дека во Македонија се продаваат помалку безбедни
играчки односно се продаваат помалку брендирани играчки.
– Има 17 компании чија примарна дејност им е увоз на брендирани играчки, но само четири од
нив увезуваат еколошки безбедни играчки кои се произведуваат во светот, односно станува
збор за 20 признати бренда. Сите други останати играчки на македонскиот пазар се
небрендирани, рече Доковска.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password