Владата повторно го одби Визер
Владата повторно го поништи огласот и ниту на вториот јавен повик за финансиска помош за нискобуџетни летови не го прифати „Визер“ како единствен конкурент, да ги добие субвенциите за нивните услуги да бидат уште поевтини за граѓаните на Македонија.
Пред еден месец „Визер“ беше одбиен бидејќи не ја навел адресата, а сега е одбиен затоа што не ги запазил условите кои важат за охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“.
– Јавниот повик заврши во петокот, но комисијата за еволуација утврди дека „Визер“ како единствена нискобуџетна компанија која се пријави, според она што го понуди, не може да ги запази роковите и условите за воведување и оперирање на четири нискобуџетни дестинации од охридскиот аеродорм. Затоа дадовме препорака овој јавен повик да се поништи и оваа постапка да се обнови. Како Влада остануваме доследни на мерката за финансиска поддршка. Евтини летови ќе има, но процедурата и правилата мора да се почитуваат. Стратешки интерес е и Охридскиот аеродорм. Средствата се предвидени во Буџетот на РМ. Нов јавен повик ќе има без менување на критериумите и условите – изјави Горан Сугаревски, министерот за транспорт и врски.