(ВИДЕО) Министерот за екологија Дураки не го интересираат граѓаните
Садула Дураки продолжува да делува само како де-јуре министер за животна средина, откако за екипата на Сител изјави дека не е должен да дава отчет пред јавноста. Ваквата реакција следува откако министерот беше критикуван од грашанските здруженија дека е затворен за своите активности по прашања за загадениот воздух.
„Јас не се бавам со граѓаните. Македонија не е Швајцарија. Трошиме колку што имаме. Борбата против загадувањето е сега почната и за разлика од досега, ние сме чекор напред“, рече Дураки, а за конкретните мерки ги упати новинарите на работната група.
Наместо него, како де-факто министер делува заменикот во ресорот, Јани Макрадули, кој држи прес-конференции на кои дава отчет и ги најавува мерките.
Граѓански организации најавија тужба против Владата за непреземање мерки против аерозагадувањето и загрозувањето на животот.