Тупурковски: Треба да го прифатиме договорот за името
Договорот за името треба да го прифатиме како
единствено реално решение. На референдумот на 30 септември нема да водиме партиски
борби, туку ќе се бориме за нашето единство. Тоа е најголемата придобивка од овој
референдум доколку како народ и граѓани тоа сакаме да го разбереме, изјави за МИА
професорот по меѓународно право, основач и претседател на поранешната партија
Демократска алтернатив и актуелен претседател на Македонскиот олимписки комитет Васил
Тупурковски.
– Пред 27 години имавме сосема прифатлив предлог за решавање на проблемите во
македонско – грчките односи. Шансата не ја искористивме. Сега Македонија и Грција создадоа
заемно прифатливо решение. Да бидеме реални, ова решение е полошо, но после 27 години е
единствено реално и евентуално подоброто нема да биде пронајдено после нови децении на
трагање заедно со нови жртвувани генерации. Значи треба да го прифатиме договорот помеѓу
двете земји, посочува Тупурковски.