Тензично во Србија, Вучиќ ја мобилизира војската

Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата
армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори
од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија.
Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија.
Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици
(РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода.
Припадниците на РОСУ наводно влегле во Центарот за екологија и развој на спортот, во
непосредна близина на хидроелектраната.
Главниот портпарол на КФОР Винченцо Грасо потоа за Танјуг изјави дека мисијата се уште
нема информации за тоа дека припадници на РОСУ влегле во северниот дел на Косово, во
близина на хидроелектраната Газивода.
Тој додаде дека е во тек проверка на информациите и оти се врши мониторинг на ситуацијата.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password