СПАСОВСКИ: ДА ДАДЕМЕ МАКСИМУМ ЗА ДЕМОКРАТСКИ ПРОЦЕС ЗА ИЗБОР НА НОВА ПОЛИТИЧКА ВЛАДА

Државата се наоѓа во значаен период кога се очекува непречено функционирање на сите институции. Постапките треба да потврдат дека владата и државата се во сигурни раце. Услугите и правата ќе продолжат непречено да се испорачуваат, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес конференција во владата.

„Неопходно е да се продолжи со владеење на правото. Да дадеме максимум за демократски процес на избор на нова политичка влада. Да ги прифатиме и да бидеме горди на успесите на нашата земја. Тоа се рефлектира и на односите со нашите соседи. Нашиот модел поттикнува разбирање и решавање на старите проблеми и стереотипи. Потребна ни е сеопфатна акција за препознавање и превенирање на говорот на омраза. До изборите, владата ќе ги продолжи политиките со кои Северна Македонија се гради како држава на сите. Украс на секоја демократија се слободните медиуми, кои известуваат независно и непристрасно. Го осудуваме секое насилство и говор на омраза кон новинарите и медиумите. Очекувам професионална соработка помеѓу влада, Собранието, ДИК, ДКСК, набљудувачите и сите оние кои имаат улога за организирање фер и демократски избори“, истакна Спасовски.

Според него, значајно е граѓаните да бидат мотивирани да бидат учесници на демократски изборен процес и да излезат во што е можно поголем број, нагласувајќи дека ова се приоритетите на нашата земја во престојниот период.

Премиерот смета дека имплементацијата на Законот за јазици е значајна и оди во определената динамика и повика се што е во МВР да се прашува таму.

Спасовски додаде дека средбата со патријархот Вартоломеј дошла како иницијатива и имала за цел да воспостави динамична соработка. Вели, изразил надеж дека патријархот ќе поттикне дијалог за да се изнајдат решенија за православните граѓани, а го поканил и да дојде во земјата и да се сретне со граѓаните.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password