Скопје стана Сахара, силен ветер го зафати главниот град
Силен ветер кој крена огромна прашина почна да дува попладнево во Скопје. Ветрот е со силен интензитет, а во воздухот се гледа жолта прашина. Во моментов во главниот град, времето е се уште сончево и топло, но ветрот можеби ја најавува промената на времето која метеоролозите ја предвидоа за утре. Според прогнозата од вторник се очекува посвежо време низ целата територија на државата.