Шестмесечно бебе почина од морбили, уште две деца се критични

Шестмесечно бебе заразено од мали сипаници починало на Клиниката за инфективни болести утрово. Веста ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека бебето не било вакцинирано против морбили и за жал починало од компликација по воспаление на белите дробови.

Бебето прво било лекувано во болницата во Козле, а потоа е префрлено на Инфективната клиника. Инаку тоа не ни можело да биде вакцинирано затоа што МРП вакцината вообичаено се прима подоцна.

„Докторите, за жал, не можеле да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи за да се подигне колективниот имунитет кој е значително опаднат по падот на опфатот со вакцинација во 2014 година. За жал, сега се соочуваме со овие последици, рече Филипче.

Тој соопшти и дека уште две деца се во критична но стабилна состојба. Имале сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им биле стабилни и не биле во животозагрозувачка состојба.

Министерот беше во посета на Клиниката за неврологија заедно со премиерот Зоран Заев.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password