Рот: Азилот е човеково право, но не и за пријателите на премиерот за да избегаат од правдата

Стигнаа и критики за Унгарија која му даде азил на екс премиерот, Никола Груевски.

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот упати критики до унгарските власти за доделувањето азил на Груевски, со што му помагаат да избегне соочување со правдата.

„Правото на азил е човеково право. Тоа е спасоносен гест на хуманост за политички прогонетите, но не и за пријателот на шефот на Владата, за да ја избегне правдата. ЕУ мора да остане заедница на демократски и правни држави“, напиша Рот на неговиот Твитер профил.

Од Унгарија тврдеа вчера дека не се сигурни дека Груевски добил фер судење. Тие ги критикуваа македонските судови и условите во затворите. Груевски од минатата недела е во Будимпешта.

Унгарскиот европратеник од Зелените, Бенедек Јавор, му испрати официјално писмо на еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, во кое бара од Европската Комисија да го каже ставот за доделениот азил.

Унгарскиот министер за правда, Лазло Трошани кажа дека македонските власти попусто бараат екстрадиција на експремиерот Никола Груевски, бидејќи тој веќе не може да биде вратен во Македонија откако доби азил во Унгарија.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password