Раст на платите: За кои сектори?

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври изнесувала 24.817 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 6,3 проценти објави Државниот завод за статистика.

Бруто-платата изнесува 36.488 денари и има зголемување за 6,5 проценти во однос на октомври лани.

Ваквото зголемување се должи, пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен (22,2 проценти), информации и комуникации (18,7 проценти) и преработувачка индустрија (11 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен (5,1  проценти), административни и помошни услужни дејности (3,9 проценти) и други услужни дејности (3,8 проценти).

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password