Ова се најскапите градови во светот, а и Скопје меѓу нив
Цирих е прогласен за најскап европски град во кој можете да го јадете најскапиот „Биг Мек“ кој е двапати посакап во однос на најголемиот дел од другите градови на оваа листа. Во Лондон се потребни повеќе пари за да гледате филм во кино.
Сепак, убедливо најскапи се азиските градови, со Кина на врвот, покажува истражувањето на „Mercer“.
На листата се наоѓаат 209 градови, а Скопје се најде на 201. место. Во регионот македонската престолнина е најевтина од сите, а Загреб (143) и Љубљана (142) се најскапи, а по нив се Софија (177), Белград (181) и Сараево (194).
10 најскапи градови во светот:
1. Хонг Конг – Кина
2. Tокио – Јапонија
3. Сингапур
4. Сеул – Јужна Кореја
5. Цирих – Швајцарија
6. Шангај – Кина
7. Ашхабад – Турмекистан
8. Пекинг – Кина
9. Њујорк – САД
10. Шенжен – Кина