Откажана собраниската комисија за пописот
Собраниската комисија за европски прашања, закажана за денеска, а на која требаше да се разгледа предлог-законот за попис на населението е откажана.
Како што соопшти првиот човек на Комисијата, Артан Груби, одложувањето следувало бидејќи не бил обезбеден претставник од мисијата на ЕУ за расправа по првата точка, односно разгледувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.