Општините малку купуваат преку јавна набавка или оглас

Локалните самоуправи во скопскиот регион во 2017 година склучиле 33 договори за јавни набавки без објавување оглас. Вкупната вредност на овие набавки била 1,36 милиони евра од кои дури 12 милиони или 40 отсто од овие договори припаѓа на Градот Скопје.

Ова го покажа мониторингот на јавните набавки на локалните самоуправи во скопскиот регион спроведени во проектот „Зајакнување на транспареноста и отчетноста на општините при трошењето на јавните средства“ од Здружението на економски новинари – ЗЕН, кое денеска ги презентираше резултатите.

-Истражувањето на јавните набавки на локалните самоуправи во скопскиот регион за 2017 година покажа дека има рекордно ниско ниво на јавните набавки. Склучени се 809 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 2,15 милијарди денари, односно 35 милиони евра. Локалните самоуправи, односно големиот дел од нив не успеваат да достигнат високо ниво на реализација на планот за јавни набавки. Загрижувачки е фактот што поголем број општини во Скопскиот плански регион немаат воспоставен систем за следење на реализација на склучени договори, рече Марија Георгиевска претседател на ЗЕН.

Резултатите покажуваат дека кај 10 општини е утврдено високо ниво на присуство на дискриминаторски елементи во тендерските документации, што можат да ја ограничат конкуренцијата. Ограничувачките, односно дистриминаторските елементи се клучен елемент што може да влијае на намалување на бројот на добиени понуди по објавен оглас.

Кај две општини, според истражувањето, забележано е високо ниво на учество на една фирма во вкупните набавки.

Набавките имаат само 50-процентна исполнетост на транспрареноста и кај локалните самоуправи и институциите на национално ниво.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации посочи дека просечната транспареност на јавните набавки на општините во цела земја е 51,9 отсто, а на институциите  на национално ниво 51,6 отсто.

Најниско ниво на транспареност во земјава, како што рече, има Шуто Оризари, а највисоко Велес, Крушево и Охрид. Мерена е според 31 критериум,од кои дел значат транспареност, односно она што треба да го објавуваат, дел отчетност, што значи тие сами да почувствуваат да објават како отчетност за потрошените пари и на крај се мерии интегритетот на лицата кои работат во јавните набавки и институциите.

Најголеми слабости се јавуваат во фазата на планирање и на следење на договорот за јавната набавка.

-Го следиме циклусот на јавните набавки од појавување потреба нешто да се набави, спроведување на постапката па до реализација на договорот. За жал најслаби се првата фаза планирањето и утврдувањето на потребите и последната следењето на реализацијата на договорите. Тоа се оние две фази што не се опфатени со сегашниот Закон за јавни набавки. Во новиот закон и овие две фази влегуваат по малку, но во сегашниот само процедурата на спроведување на теднерот и затоа овие две фази не се опфатени и тука се најголемите слабости да се процени што навистина ни треба и на крај да се провери дали тоа навистина е добиено, изјави Филков и порача дека добра институтиуција треба да има процедура и постапка и да спроведе едно добро следење на договорите за да се види дали тоа што се сакало и требало да се набави е набавено во тој квалитет и во таа количина и во тој рок.

ЗЕН го спроведе истражувањето на општините од скопскиот регион, а други седум невладини организации во останатите седум региони во земјава. Центарот за граѓански комуникации го спроведува мониторингот на јавните набавки на институциите на национално ниво.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password