О’НИЛ: УЛТИМАТУМИТЕ НА СОФИЈА НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРЕЧКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!

Британскиот амбасадор и прв медијатор во грчко-македонските односи за државното име Македонија, Робин О’Нил, за форумот “Гласот на народот“ на Слободан Томиќ, за почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија и бугарското вето, вели:

– Сите членки на Европската Унија мора да и’ кажат на Бугарија, дека следејќи го советот на Комисијата, нема никаква пречка за почнување на преговорите со Македонија. Ако има спор меѓу Бугарија и Македонија, како што тврди Софија, време за преиспитуавње на овој проблем е кога ќе завршат преговорите за членство предводени од Комисијата на ЕУ и откога Комисијата ќе му даде препорака на Советот на министрите на ЕУ, дека Македонија ги исполнува условите за членство! Преговорите за членство треба да започнат сега! Во меѓувреме, Бугарија и Македонија треба да работат на решавање на наводниот спор, веројатно преку работа на Заедничката комисија.

Се надевам дека сите други земји-членки на ЕУ ќе кажат истовремено, дека не го сметаат спорот поткренат од Бугарија за суштински, бидејќи е историски, не се однесува на сегашниот идентитет на двете држави, од аспект на нивните погледи како пречка за членство на Македонија! Со трпеливост и притисок врз Бугарија од другите држави на ЕУ и особено претседателството со Советот на министрите, не гледам друга причина која Бугарија не би можела да ја надмине. Македонскиот јазик е меѓународно признат, а Македонија како членка на Обединетите нации е признта од светот како независна држава – дури и од Бугарија. Верувам дека Европската Унија сега ќе ги започне преговорите со Македонија како меѓународно призната држава. Внатрешните политички аргументи во Бугарија не треба да го спречат тоа. За крај, се надевам дека во работата на Заедничката комисија, Македонија ќе ги препознае чувствата на Бугарија за прашања што не се од вистинска важност. Важно е да се добие членството во ЕУ! Примете ги моите најдобри желби, – рече на крајот амбасадорот Робин О’ Нил.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password