Нема продолжен распуст поради морбилите

Нема да се одложи почетокот на второто полугодие, одлучи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Многу епидемиолози сметаат дека епидемијата на морбили ќе се прошири токму откако децата ќе почнат да одат на училиште.

Д-р Жарко Караџовски, член на Комисијата, информираше дека досега бројот на заболени од морбили е 58.

Министерството за здравство ги разгледува сите правни аспекти и законски одредби за вакцинацијата како задолжителен услов за запишување во градинка и училиште.

„Со оглед на фактот дека повеќе години наназад не се почитува условот да се достави вакциналниот картон при упис во градинка и во училиште, се разгледуваат правните можности да се направи законска измена и во моментов е во тек континуирана комуникација со претставници на Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Невакцинирањето носи сериозни ризици од појава на епидемија, која може да има и фатални последици, а се превенира со вакцинација. Одржани се повеќе работни средби на работна група, со претставници од МЗ, МТСП и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Со тоа што не се бараат вакцинални картони при упис и со севкупниот пад на опфатот на имунизација, се доведува во прашање намалувањето на колективниот имунитет, што е единствен услов за успешна превенција на овие инфективни болести. Во тој случај и вакцинираните деца ги доведуваме во опасност, а уште повеќе оние што поради возраста или здравствената состојба, не се вакцинирани“, рекоа од МЗ.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password