Нема предлог за уставни измени, ќе има ли мнозинство?
Во Mинистерството за правда нема предлог за уставните измени затоа што се уште е неизвесно дали ќе се обезбеди двотретинско мнозинство или пак ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Министерката Ренеата Тренеска Дескоска смета дека обврската за изработка на измените најверојатно би требало да ја преземат преговарачите затоа што тие најдобро ги знаат деталите од преговорите.
Во моментов интенцијата е да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, а предвремени парламентарни избори се втора алтернатива.
Така рече денеска и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.