Највисоката плата за 2017 година е на скопјанец кој примал 227.218 евра
Највисока бруто плата во 2017 година земaл скопјанец, кој работи во секторот здравство. Тој остварил годишен бруто приход од 2,726 милиони евра од плата или месечно примал плата во бруто износ од 227.218 евра. Ова го соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес конференција на која ги презентира податоците за остварени највисоки приходи во 2017 години.
Втор по висина бруто приход остварил скопјанец кој пријавил 2,18 милиони евра или месечен износ на бруто плата од 167.079 евра, а третата бруто плата ја добил жител на Скопје, кој остварил бруто приход од плата во износ од 1,56 милиони евра или месечно заработувал бруто плата во износ од 130.034 евра.
Највисоките бруто исплатени плати, како што сооопшти Лукаревска, се исплатени во секторите здравство, производство на фармацевтски производи, компјутерско програмирање, трговија со производи од тутун, производство на фабрикувани метални производи, производство на печки, спортски менаџмент, изградба на станови.
И највисоките дополнителни примања и надомест од работен однос ги имале жители на Скопје. Највисокиот приход во оваа категорија изнесува 62.747 евра. Вториот по висина дополнителен приход изнесува 51.589 евра, а третиот е во износ од 51.291 евро.