Меркел со оптимизам за Македонија во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел и хрвтскиот премиер Андреј Пленковиќ на заедничката прес – конференција вчера во Берлин изразија надеж дека ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори на АЛбанија и Северна Македонија со Европската унија на самитот којшто во мај ќе се организира во Загреб, во земјата која сега претседава со Европската унија.

– Самитот за западен Балкан којшто ќе се одржи во Загреб е многу битна работа поради проблемите со почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Се надеваме дека на состанокот на врвот на ЕУ и земјите од западен Балкан ќе се постигне напредок на тоа поле, изјави германската канцеларка Ангела Меркел и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вчерашната прес-конференција во Берлин, јавува ХРТ.

Пленковиќ исто така оптимистички гледа на самитот кој ќе се одржи на 5 и 6 мај.

-Овој самит ќе даде реална перспектива во односите на ЕУ со земјите во соседството за да знаеме со која динамика овие земји ќе се движат кон членство, изјави Пленковиќ.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password