Кој колку и должи на УЈП: Познати компании најголеми должници
Илјадници должници со милиони долгови. Охридски Отекс со долг кој надмина 930 милиони денари не отстапува од првата позиција.
Со нешто над 452 милиони денари долг втор на листата останува Ел Дон Кастило Ангел ДООЕЛ Експорт Импорт Скопје.
Трет најголем должник со 452 милиони денари или речиси колку вториот должник на листата е Индустрија Ел Азтека ДОО Скопје.
“Македонијапат“ како јавно претпријатие не отстапува од петтата позиција и долгот на таа фирма изнесува 295 милиони денари.
Дел од листата должници се и неколку Комунални претпријатија меѓу кои се Гостиварското и Тетовското.
МРТ има долг над 1 милион а на листата е и фирмата на Сеад Кочан „Трансмет’ чиј долг изнесува над 62 милион денари.