Ќе се ископа канал и Катар ќе биде остров?
„Како граѓанин, едвај ги чекам деталите од спроведувањето на проектот остров Исочна Салва, првиот голем историски проект кој ќе ја измени мапата на регионот“- објави преку Твитер Сауд ал Катани, советник на принцот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Катарските власти не коментираат.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа во јуни 2017 дипломатските, трговските и сообраќајните врски со Катар, обвинувајќи го дека поддржува тероризам. Доха ги отфрла обвинувањата и тврди дека соседите сакаат да го поткопаат нејзиниот суверенитет.
Советникот Катани и претходно на Твитер го спомнуваше проектот, но денешната порака е најјасната изјава за иницијативата која критичарите ја сметаат повеќе за тактички маркетиншки потег за да се иритира Катар, отколку за сериозен план.
Приказната за каналот првичнос е појави на интернет портал близок до саудиските власти. Неименувани извори во април ги открија плановите за изградба на воена база и депонија за нуклеарен отпад вдолж 60-километарскиот канал широк 200 и длабок 20 метри кој би се протегал покрај целата граница со Катар.
Трошоците за изградбата ќе чинат 747 милиони долари.
Leave a Comment
Мора да се пријавите за да испратите коментар.
0 Comments