И бебињата до 6 месеци кои живеат во Скопје ќе треба да се вакцинираат против морбили

Уште 7 нови случаи на заболени од морбили регистрираа докторите. Двајца се хоспитализирани.

21 од кои само двајца возрасни пациенти до утринава се хоспитализирани и на клиниката за инфективни болести. Три дечиња се со потешка клиничка слика, а меѓу нив е и дете со церебрална парализа.

Имунолозите апелираат на вакцинирање. Родителите сериозно да ги сфатат насоките кои ги даваат надлежните и да ги почитуваат препораките. Вчера комисијата за заразни болести при министерството за здравство донесе нови мерки.

Родителите кои имаат деца со наполнети 6 месеци од Скопје, од денеска да се јават во најблискиот вакцинален пункт и да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината, а истото да го сторат и родителите на децата од училишна возраст.

Комисијата на надлежното министерство му предложи да почне и со теренска вакцинација по училиштата.

Од стартот на епидемијата бројот на болни се искачи над 220.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password