Грција го чека исходот од Македонија за преспанскиот договор

Планот Б за Договорот од Преспа со потпишување
меѓудржавни договори со земјите од регионот и отворањето нови американски бази во Грција –
предлозите на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за време на неговата посета на
САД, предизвикаа реакции во Грција.
По завршувањето на состанокот на политичкиот секретаријат на СИРИЗА, прашан од грчките
новинари, за ставовите на Каменос, кој е коалициски партнер во Владата, Алексис Ципрас со
доза хумор рекол дека „во САД има ураган, но не се вика Панос, туку Мајкл“, пренесуваат
грчките медиуми.
На ова, преку официјалниот твитер-профил, доцна синоќа реагираше одговорниот за
надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
– Во Грција има ураган, но не се вика Мајкл, туку Панос, Добра ноќ, господине премиер,
напиша Кумуцакос на Твитер.
Според весникот „Ефимерида тон синдактон“, за планот Б на министерот за одбрана на Грција
имало телефонски разговор меѓу Ципрас и Каменос, по иницијатива на грчкиот премиер, кој
побарал објаснување од неговиот коалициски партнер. Каменос рекол дека немал намера да
создаде проблеми, а изјавите биле во рамките на разговорите и ништо не било официјално
презентирано.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password