ФОТО: Снежна убавина во Македонија, срни и еленчиња уживаат
„Во сабота не е актуелно само „битолското корзо“, со првиот снег се расшетале и срните и еленчињата, некои дење, а некои ноќе“. Вака од Националниот парк пелистер ги најавија фотографиите снимени изминатотото деноноќие од системот за мониторинг на крупен дивеч поставен минатата недела на Пелистер.
Со првиот снег, вчера системот „улови“ срна која се шеташе на Пелистер, планина со исклучителна флора и фауна.
Системот за мониторниг на крупни месојади во НП Пелистер, беше инсталиран на 8 ноември годинава. Тим составен од експерти за мониторинг ангажирани од ЦеПроСАРД и ренџери вработени во паркот поставија 10 фото замки на повеќе локации на територијата на паркот.
Овој систем е набавен во рамки на проектот и е наменет за мониторинг и заштита на кафеавата мечка (Ursus arctos), рисот (Lynx lynx) и волкот (Canis lupus).