Флоренс ги однесе првите пет жртви во САД

Официјални извори и весници известија за најмалку пет жртви.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги посети областите погодени од ураганот „во почетокот или средината на следната недела“, соопшти Белата куќа.

„Жена и нејзиното дете загинаа кога дрво се срушило врз нивната куќа. Таткото на семејството, е повреден и хоспитализиран“, соопшти полицијата во Вилмингтон, Северна Каролина.

Пожарникарите цело утро интервенирале пред куќата. „Успеавме да спасиме една жртва“, изјави за новинарите, Бади Мартинет од противпожарната служба.

Друга жена починала бидејќи брзата помош не успеала да стаса до нејзе поради дрвјата што го попречувале патот, изјави портпаролката на округот Пендера. Таа почина од срцев удар, пишуваат локалните весници.

Некои медиуми известуваат дека четвртата жртва во таа држава починала додека вклучувала агрегат.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password