Церар: Процесот во Парламентот е легитимен
Свесен сум дека консултативниот
референдум не го исполни основниот правен услов за да биде важечки,
но во Словенија цениме дека резултатот донесе една убедлива порака да
се продолжи со политичките процеси за евроинтеграциите, односно за
влез во НАТО. Сметаме дека овој процес што се случува во Парламентот е
легимитмен и ја изразува волјата на граѓаните.
Ова го истакна вицепремиерот и министер за надворешни работи на
Република Словенија, Миро Церар, на заедничката прес-конференција во
Скопје со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија, Никола
Димитров.