Царовска: Инспекторатот ќе ги чешла текстилците за К-15

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ги „чешла“ фирмите кои не исплатиле К-15 на работниците.

Ги повика работниците да пријават доколку не добиле К-15.

„Ги повикуваме работниците неисплатата на К-15 и сите други нерегуларности да ги пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд – 15 131.
Од почетокот на годината Инспекторатот прави засилени контроли во правните субјекти од сите дејности, вклучувајќи ги и фабриките за производство на текстил и чевли, кадешто се забележани голем дел претставки изминатите години“, напиша Царовска на Фејсбук.

Владата вчера на седница донесе одлука со која ќе се провери како течела исплатата на К-15.

Над 100-тина работници пријавиле неисплатен К-15 за годината 2018-та во Инспекторатот за труд, објави Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата.

„Добивме информација дека регресот за годишен одмор К-15 од некои компании не е исплатен. Државниот инспекторат за труд добил преку 100 жалби за неисплата на К-15. Тој е задолжен да информира во однос како се спроведува исплатата за регрес на годишен одмор, и дали и какви мерки се превземени за компаниите кои не ја испочитувале оваа обврска“, изјави Бошњаковски.

Проверка на неисплатата на регресот ќе трае и во текот на февруари.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password