АМНЕСТИЈАТА ПОМИНА ВО СОБРАНИЕ: Кој ќе биде помилуван за 27 април?

Пратениците го „аминуваа“ законот за амнестија за инцидентите од 27 април или крвавиот четрвток.

Вкупно 95 гласа од владеачкото мнозинство но и од опозицијата гласаа ЗА.

На гласањето му претходеа низа амандмани од опозициската ВМРО ДПМНЕ со кои бараа целосна а не селективна амнестија.

Во текот на денешниот ден стана јасно и кои лица ќе бидат опфатени со помилувањето.

Како што беше соопштено лицата кои носеле оружје и фантомки, кои извршиле насилство и службени лица кои ги прекршиле овластувањата нема да бидат амнестирани.

Сите обвинети согласно законот за 27 април имаат право во рок од 5 дена по стапувањето на законот во сила да поднесат индивидуални барања за амнестија, а одлуката ја носи судот на предлог на обвинителството.

Тоа значи дека секој обвинет индивидуално ќе може да поднесе барање до надлежниот обвинител и суд, а оти судот ќе донесе решение по претходно мислење на Јавното обвинителство кое ќе го темели врз основа на докази со кои располага

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password