Скопјанката Сања направи спектакл на „Ѕвездите на Гранд„
Кон средината на септември започна и новата сезона на регионалното музичко „Ѕвездите на Гранд“ со нови правила, со нов член на жирито.
Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 годишната Сања Тодоровиќ од Скопје. Таа се претстави со песните „Грам емоција“ од Министерки и „Битагна и принцеза“ од Јелена Томашевиќ.
По нејзината изведба, Елеонора доби два глас и тоа од Ана Бекута и Џорџе Давид.
Кога Снежана Ѓуришиќ ја претстави и Сања и откри дека е од Македонија, жирито беше изненадено.
„Ти имаш огромен потенцијал“, истакна Јелена Карлеуша која беше воодушевена што Сања е Македонка, а толку добро отпеја на српски јазик.
Од друга страна, Џорџе Давид ја одбра да биде во нејзината екипа, односно тој ќе и биде ментор и објасни дека во следниот круг ќе растури и од неа може да се направи нешто интересно.
Настапот на Сања погледнете во видеото подолу на 57:07.