Шок- Карлеуша и Шерифовиќ го напуштаат жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ по четири години наводно го напуштаат Шоуто Ѕвездите на Гранд, и најверојатно веќе нема да бидат членки на жирито на популарното музичко натпреварување.

Карлеуша по смртта на нејзината мајка Дивна се повлече од јавноста и ги откажа сите настапи и појавувања во медиумите. Популарната пејачка наводно веќе и го информирала директорот на Гранд Саша Поповиќ дека нема да доаѓа на снимањата на емисијата но, не прецизирала дали можеби ќе се врати пред крајот на сезоната.

Од друга страна пак Марија Шерифовиќистакнала дека поради ангажманите и други планови нема веќе да може да доаѓа на снимањата на Ѕвездите на Гранд.

-Сите тие снимања ми се многу напори, поради тоа што ова ми е веќе четвртата сезона како што сум во шоуто. Во некој следен период имам други планови кои ќе бараат помалку време да минувам во Белград. Поради тоа не знам дали ќе можам да ги усогласамсите обврски со снимањата на емисии. Ќе разговарам со Поповиќ за сето ова , по штоќе видиме што ќе биде, истакнала Шерифовиќ во интервју за српски медиум.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password