Неделен хороскоп 29.10.2018 до 04.11.2018
ОВЕН
ЉУБОВ: Кавгите со блиските лица би можеле да прераснат во нешто поголемо бидејќи имате многу нешта кои треба да ги решите од вашето минато, а вие сте ги оставиле за во иднина. Не им се нафрлувајте непотребно на пријателите, не се виновни тие за вашите лоши љубовни проценки.
РАБОТА: Оваа недела на работното место ќе покажете посебна храброст и ќе заземете сопствени ставови кои ќе ви помогнат да постигнете големи цели. Колегите ќе ве следат во чекорите, бидејќи и тие ќе извлечат нешто позитивно за нив.
ЗДРАВЈЕ: Енергијата ќе ви расте, но не заборавајте да се одморите.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Се чини дека премногу се разликувате од вашиот партнер но сепак изнаоѓате начини како да се усогласите. Тоа е така благодарение на вашата природа која досега во многу нешта ви помогнала. Не се лутете на реткото јавување од страна на пријателите, секој има свои обврски во животот.
РАБОТА: Меркур, Венера и Сонцето ви даваат силна интуиција кога станува збор за работата. Ќе ви помогнат во откривањето на најкраткиот пат до успехот. Финансиски конечно ќе закрепнете.
ЗДРАВЈЕ: Добро, намалете го стресот со прошетки во природа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Ова е одлично време за решавање на проблемите со партнерот и блиските лица. Комуникациските проблеми преку кои поминувавте во последниов период конечно ќе бидат олеснети благодарение на Венера, Марс и Јупитер во Девица.
РАБОТА: На деловен план следат важни промени. Ако сте подготвени, се чини дека и позитивните промени се подготвени за вас. Напредувањето ќе доаѓа бавно но сигурно. Бидете одлучни и се ке биде во ред. Некој поранешен колега многу ќе ви помогне во претстојниот период, па не заборавајте да му се заблагодарите.
ЗДРАВЈЕ: Обидете се со природни препарати да го подобрите имунитетот.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Вашата способност за пронаоѓање на баланс во се што ве опкружува ве прави одличен партнер за повеќето. Многу луѓе сакаат да бидете во нивно друштво бидејќи им давате хармонија. Сепак не ги занемарувајте и вашите љубовни потреби.
РАБОТА: Работата нема да ви оди толку добро како приватниот живот, но без грижа ова брзо ќе помине. Веќе од почетокот на наредната недела Сонцето доаѓа на ваш терен. Добрите деловни понуди во иднина ќе ви ја вратат вербата во успехот.
ЗДРАВЈЕ: Стабилно, но внимавајте не внесувајте многу масти.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Големиот број на планети во вашиот знак ќе ве направи исклучително привлечни за сите околу вас. Нема да бидете сигурни кој вистински ве сака а кој само ве посакува. Не заборавајте на својот партнер кој отсекогаш ви бил потпора. Сослушајте го прво неговото мислење пред да донесувате некакви одлуки.
РАБОТА: Комбинацијата на Венера, Марс и Јупитер во Девица ќе ве направи многу одлучни во вашите намери. Ќе бидете особено одлучни кога станува збор за финансиите. Комерцијалните проекти се многу добра шанса да напредувате на финансиски план. Останете креативни како и секогаш.
ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате одлично, но сепак водете сметка здраво да се храните.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Динамичниот Марс ви дава сила на главен играч. Ќе барате многу од пријателите и саканото лице. Луѓето ќе ја забележат вашата енергија и ќе ви помогнат во вашите намери. Среќен љубовен период за вас.
РАБОТА: Вашите цели се поставени високо, а енергијата која ви е зголемена ќе ви овозможи сила да постигнете се што сте замислиле. Бидете одлучни и ништо нема да може да ве попречи.
ЗДРАВЈЕ: Добро ќе ви дојде некоја физичка активност.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Ќе почувствувате последици од некои промени кои ви се случиле. Ќе ви бидат исполнети желбите, но повторно нема да се чувствувате најдобро. Внатрешната празнина ќе ве излудува.
РАБОТА: Оваа недела работните задачи ќе ги обавувате просечно. Поддршка еднакво ќе давате и добивате од блиските лица. Надредените ќе ја оценуваат вашата работа, па можно е да бидете наградени со високи оценки
ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе биде романтична и бурна за вас. Ќе заборавите на последните разочарувања и конечно ќе постигнете баланс. Не се лутете постојано на грешките од партнерот, сфатете дека и тие се составен дел од животот.
РАБОТА: Засега не се зафаќајте со поголеми работи или деловни одлуки. Имате поддршка зад себе, но работите ќе се одвиваат потешко поради некои нешта кои се случиле а вие на нив не можете да влијаете. Намалете ги нервозите, за нив не сте платени.
ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате одлично. Ќе бидете полни со енергија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Марс во знакот на Девица, на полето на вашите емоции, ќе ви донесе интересен период во љубовта. Поминатото време со партнерот постојано ќе ви носи насмевка на лицето. Оние во долги врски, конечно ќе сфатат дека покрај нив стои животниот сопатник.
РАБОТА: Меркур, вашиот владетел се наоѓа во Вага и ви носи позитивна енергија. Преговорите и договорите на работа ќе ве направат многу важна личност на работното место без која никој нема да сака да работи.
ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате добро и енергично цела недела.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Неодамнешното флертување на работното место или со личност поврзана со вашата работа ќе биде раскрсница во вашиот живот. Се чини дека ќе направите некој чекор за кој семејството и пријателите нема да ве поддржат.
РАБОТА: Вашиот духовен раст ќе ви обезбеди напредување и средување на сите досега нејасни работи. Во деловниот свет ви претстои стабилност и сигурност, а и финансиската страна ќе ви биде значително подобрена.
ЗДРАВЈЕ: Иако се е во ред, добро би ви дошла дополнителна телесна активност.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Вашиот природен магнетизам и харизма оваа недела би можеле да бидат малку пригушени. Иако поради тоа нема да се чувствувате баш најдобро, не значи дека не треба да мислите на саканото лице на кое исто така му е потребна поддршка.
РАБОТА: Неодамнешните преговори кои сте ги воделе во врска со работата ќе ви донесат промени за кои дури при крајот на неделата ќе сфатите дека не ви одговараат, но ќе биде доцна за да направите пресврт. Некој ве спречува да бидете подобри, а тој некој најверојатно е мрзата.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на белите дробови.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Совршената врска е само илузија со која многумина се занесуваат. Тоа е нешто кон што се тежнее, но не може да се очекува во животот. Ниту една караница не треба да ве спушти и обесхрабри, сфатете дека и караниците се дел од животот.
РАБОТА: Оваа недела би можеле да имате помали административни потешкотии. Се чини дека сите ваши идеи ќе наидуваат на пречки, или пак никој нема да ги слушне. Не се откажувајте, со мали задоцнувања сепак ќе дојдат промените на подобро.
ЗДРАВЈЕ: Збогатете го малку начинот на исхрана.