Неделен хороскоп 12 – 18 ноември
Овен
Во текот на овој период ќе се потрудите да преговарате за нова работа. Финансиската ситуација се подобрува, а вие сте подготвени да преземете ризици.
Не размислувајте премногу бидејќи одлуките би биле на ваша штета.
Сменете го начинот на исхрана.
Бик
Се чувствувате добро во друштво на некој кој ги поттикнува вашите амбиции и се труди да ве поддржи во тоа.
Не се плашете од тоа да излезете со некој кој подолго време ви се допаѓа. Ако сте во брак или врска, а сонувате за друга личност, прво расчистете што сакате.
Бидете внимателни во сообраќајот.
Близнаци
Само сонувате и идеализирате, а ништо не преземате. Не се плашете од ризици, важно е да го направите првиот чекор.
Размислувате само за своите планови и желби, а не и оние на партнерот.
Намалете го алкохолот.
Рак
Новата седмица носи можности преку работа со странство да постигнете голем успех.
Подготвени сте да се видите со личност која долго не сте ја виделе, а многу ви се допаѓа. Ако сте слободни ќе запознаете личност од странство, или која работи со странство.
Внимавајте во сообраќајот.
Лав
Ќе добиете нова професионална понуда која ќе ја прифатите со одушевување. Имате одлични шанси да напредувате во кариерата.
Успевате да направите многу во љубовта, но се грижите само за својот интерес.
Добро се чувствувате.
Девица
Ако работите со документи и пари, отворете 4 очи кога станува збор за документацијата.
Без оглед на тоа дали сте во врска или слободни, ќе се чувствувате осамено.
Можна е мала повреда.
Вага
Ќе постапите онака како што другите ве советуваат, иако не сметате дека тоа е најмудро.
Се соочувате со тајна љубовна врска, со некоја личност која се враќа од вашето минато или која не е слободна.
Внимавајте на повреди.
Шкорпија
Имате посилна конкуренција одошто мислите. Во текот на овој период до израз ќе дојде вашата моќ на убедување.
Ако сте во врска или брак, правите многу работи кои се погрешни, а не сте ни свесни за тоа.
Добро се чувствувате.
Стрелец
Ќе ги зголемите своите приходи преку работа со странство, но не склучувајте договори без да размислите.
Се чувствувате одлично во моќ на влијателна личност која отворено сака да биде со вас. Можна е нова романса.
Намалете ги оброците.
Јарец
Уверени сте дека точно знаете што правите и не дозволувате никој да влијае на вашето мислење. Немојте да дозволите еден Бик или Рак да ве поколебаат во однос на вашите планови поврзано со странство.
Опседнати сте со размислување за личност која сте ја запознале на некое патување. Добро се сложувате со личност која има големо размислување за вашата кариера и која е подготвена да ви помогне да ги остварите своите планови.
Нерасположени сте.
Водолија
На работа имате повеќе непријатели отколку што мислите. Не влегувајте во работи кои не ги познавате добро.
Верувате дека можете да ја убедите личноста која ви е драга да прифати некој ваш предлог.
Добро се чувствувате.
Риби
Новата седмица ви носи разговори кои ви се многу важни.
Оваа недела ќе бидете склони кон фелрт, особено доколку патувате во странство. Можна е средба со некоја симпатија.
Здравјето е добро.