Која е основата на секоја здрава и цврста врска?
Интимноста е збир од емоционална, физичка, интелектуална поврзаност меѓу партнерите која не значи дека ги брише и разликите меѓу нив. Напротив, интимноста и поврзаноста меѓу партнерите почива токму врз нив и нивното прифаќање.
Основата на секоја здрава и цврста врска и длабоката поврзаност и интимност се темели на 4 главни темели: Привлечност, почит, доверба и лојалност.
Привлечноста е поврзана со физичкиот интерес за партнерот или партнерката, импулс кој го потврдува фактот дека личноста која ја чувствуваме блиска истовремено ни е и привлечна.
Почитта е потврда за тоа дека партнерот или партнерката ги сметаме за личности кои имаат силни квалитети достојни за почит и навистина ни значи нивното мислење и став.
Довербата е предуслов за емоционално отворање и кога станува збор за сексот, предуслов за целосно препуштање.
Лојалноста значи дека сме се одлучиле да се предадеме на друга личност, да им го чуваме грбот на нашите партнери, да ги поддржуваме и да ги заштитуваме!