Каква недела ќе имате – Неделен хороскоп: 22-28 октомври
Овен
Се ослободивте од финансиските грижи од претходните денови, но и понатаму ве мачат парите. Не се нервирајте, ова ќе помине.
Партнерот ве разбира за бурниот период низ кој минувате.
Зголемен стрес.
Бик
Брзо ги решавате своите финансиски проблеми. Ќе запознаете интересна личноста, која ќе ви помогне да успеете на професионален план.
Имате партнер кој е тежок, па сакате да најдете начин да се соочите со таквите компликации.
Здравјето е одлично.
Близнаци
Се соочувате со манипулација на работното место, но многу сте внимателни и ќе успеете да ја надминете оваа недела.
Интуицијата ви работи одлично за една личност. Овој став ви помага да го средите својот љубовен живот.
Здравјето е добро.
Рак
Се соочувате со негативни ситуации, но немате потреба и вие да имате негативен став кон тоа. Издржете, што и да се случи.
Заљубени сте и среќни и не сте свесни ни што ви се случува на полето на љубовта.
Потрудете се да ја поправите крвната слика.
Лав
Одлично ви е, и покрај лошите аспекти на работа. Можно е да дојде до одредени промени на работа.
Партнерот ви се лути на вашиот став на недопирлива личност. Сменете се.
Внимателност за хроничните болни.
Девица
Идејата која ја разработувате на почетокот на неделата ќе ви помогне да се поправите во очите на колегите. Свесни сте колку вредите.
Отворени сте кон личност која е заинтересирана за вас, бидејќи сметате дека е вистинската.
Здравјето е одлично.
Вага
Вашата гордост не ви дозволува соработка со личност која е подготвена да соработува со вас.
Се чувствувате како да сакате да сте сами.
Вежбајте повеќе.
Шкорпија
Другите луѓе ве доживуваат како мудрец, а и тоа сте всушност. Колегите ќе ве прашуваат за совети во текот на оваа недела.
Опуштете се во љубовта.
Имате зголемено лачење хормони.
Стрелец
Нешто сте пропуштиле и успехот ви избегал за влакно.
Не сте расположени за љубов и дружење, туку само за кавги.
Главоболка.
Јарец
Имате одлична соработка со клиентите и работите се подобруваат на професионален план. Не ги пропуштајте шансите што ви се укажуваат.
Ве привлекува личност од минатото, но не сте сигурни дали да и дозволите повторно да влезе во вашиот живот.
Намалете го стресот.
Водолија
Внимавајте на непромислените одлуки.
Немате обзир за чувствата на партнерот. Тоа не е добро.
Можна главоболка.
Риби
Ве мачат одредени дилеми, кои треба да ги решите што е можно побрзо.
Некој ви се меша во врската. Ве очекува голем емоционален конфликт.
Студено ви е.